Интер лесно до три бода, втор пораз во четири дена за Џенова во Милано

Интер го одржува чекорот со Јувентус и Наполи, по денешниот триумф од 5-0 против Џенова се искачија на второто место во Серија А. Избраниците на Лучијано Спалети уште во раната фаза од средбата остварија сигурно водство, Галјардини и Политано по 16 минути беа прецизни за 2-0.

Галјардини во 49-тата минута зголеми 3-0, а само две минути подоцна, нашиот Горан Пандев кој беше стартер на овој меч, беше заменет од Кжиштоф Пјонтек, па Македонецот доби стоечки овации од присутните на „Џузепе Меаца“. Жоао Марио  и Најнголан во првата минута, односно четвртата од судиското надополнување ги поставија конечните 5-0.

За Џенова ова е втор пораз во Милано за само четири дена, откако во средата загубија со 2-1 од Милан, на истиот стадион.

- Оглас -

Најнови вести