Интер Мајами ќе има страшен тандем: Ел Тигре му се приклучува на Пипита

Радамел Фалкао се ослободи од договорот со Галатасарај и е на пат да потпише за Интер Мајами.

Популарниот Ел Тигре на 34 години ќе ја продолжи кариерата во МЛС лигата, а во сончевата Флорида го чека Гонзало Игуаин, со кого ќе бидат страшен тандем во нападот.

Колумбискиот голгетер септември 2019 година запиша 31 настап за турскиот гигант со 16 погодоци во своето конто. Инаку во минатото ги бранеше боите на Ривер плејт, Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Челзи и Монако.

- Оглас -

Најнови вести