-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Интер Мајами ќе плати 15 милиони евра за да го сочува пријателот на Меси

Интер Мајами постигна историски успех, откако за прв пат во клупската историја стигна до шампионската титула во МЛС шампионатот во САД. Пред само две и пол години, Интер Мајами беше најслаб тим во лигата, но по доаѓањето на Лионел Меси, беше создадена екипа која сега стигна до трофејот за најдобриот.

Покрај Меси, во екипата беа донесени и Серхио Бускетс, Жорди Алба, Луис Суарес, за тренер беше назначен Хавиер Маскерано, а во составот на позајмица дојде и актуелниот репрезентативец на Аргентина, Родриго де Пол.

Токму за Де Пол, кој дојде на позајмица од Атлетико Мадрид, се размислува да биде задржан во тимот. Интер Мајами има право да го откупи договорот од шпанскиот тим, но за тоа ќе мора да искешира 15 милиони евра.

Самиот Де Пол постојано потенцира дека во Мајами се чувствува одлично и дека нема да има ништо против ако остане во тимот на Интер. Аргентинецот беше купен од Атлетико Мадрид во 2021 година за сума од 35 милиони евра од Удинезе. За шпанскиот гигант одигра 187 натпревари во кои постигна 14 голови, а имаше 26 асистенции.

Сега, како играч на Интер Мајами, Де Пол по асистенција на Меси го постигна можеби клучниот погодок во финалето, кога погоди за водство од 2:1 на Интер Мајами. На крајот, тимот на Меси и Де Пол славеше со 3:1 и ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести