Мечевите од Лигата на шампионите доминираат во понудата за Квотите на денот, а има и една пресметка од Чемпионшип во Англија. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 38.46.
Треба да има победник на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Бриж, но и двата клуба да дадат гол за да биде добитна комбинацијата која носи квота од 2.30.
На пресметката меѓу Мидлсборо и Лестер да биде нерешено на полувреме или на крајот се вреднува со квота од 2.05.
Баер Леверкузен е домаќин на Олимпијакос, а тука во првото полувреме да нема повеќе од еден гол, а во вториот дел да има меѓу еден и три гола е комбинација што носи коефициент од 2.10.
Интер во дуелот против Бодо/Глимт да постигне повеќе голови во второто отколку првото полувреме е со квота од 2.10.
Њукасл треба повторно лесно да победи против Карабах, а овојпат покрај „кецот“, потребно е да има и меѓу три и пет гола за квотата од 1.85 да биде добитна.


