Како гром од ведро небо „згрме“ информацијата од Милано дека Мауро Икарди веќе нема да ја носи капитенската лента во Интер. Нов капитен на „нераѕурите“ е голманот Самир Хандановиќ.
Сагата околу новиот договор на Икарди со Интер трае со месеци, а овој потег може да значи дека и дефинитивно соработката ќе биде раскината и аргентинскиот голгетер во следната сезона ќе игра на друго место. Икарди сигурно ќе се налути после ова, а и неговата сопруга Ванда Нара која му е и менаџер, па веројатно поинтензивно ќе почне да бара нов клуб. Најзаинтересиран за Икарди е Реал Мадрид.
Од Интер нема објаснување зошто му е одземена капитенската лента на Икарди. На Твитер профилот на клубот, само објавија дека нов капитен на тимот е Хандановиќ, и ништо друго.
Коментарите се затворени.