Интер му ја олеснува работата на Елмас: Нераѕурите се закануваат дека ќе настапат со деца во Купот

Интер крева бунт против направениот распоред со кој ќе се назначи рестартирањето на фудбалската сезона во Италија. Како што вчера беше потврдено, Калчолигата продолжува со натпреварување на 20 јуни, а седум дена претходно се закажани реванш-дуелите од полуфиналето во Италијанскиот куп.

Интер на 13 јуни ќе се соочи со Елмас и Наполи на „Сан Паоло“, меч во којшто Нераѕурите ќе влезат со еден гол негатива. Доколку изборат пласман во финалето, повторно ќе истрчаат на терен на 17 јуни, а три дена подоцна ги очекува средба против Сампдорија од 25-тото коло. Фактот што екипата на Антонио Конте треба да одигра три натпревари за седум дена, ја натера управата на клубот да изненади со заканата дека ќе го пушти младинскиот состав да ги одмери силите со Наполи во реваншот.

Доколку навистина биде така, Елиф Елмас и Наполи ќе имаат лесна задача да ја одбранат стекнатата предност од претходниот меч и да резервираат место во финалето на Купот.

- Оглас -

Најнови вести