Интер треба да го издржи второто полувреме или пак да стави крај на надежите на Шахтар и да се пласира во финалето на Лигата на Европа, каде што чека Севилја.
Екипата на Антонио Конте има предност од 1-0 по првите 45 минути благодарение на Лаутаро Мартинес. Аргентинецот одлично погоди во 19-тата минута по проигрувањето на Барела.
Доколку Нераѕурите успеат да го задржат водството, ќе обезбедат пласман во европско финале за првпат по 10 години пауза. Интер последно во 2010 година се бореше за европски пехар, кога со Жозе Мурињо на клупата и Горан Пандев во составот ја освои Лигата на шампионите.
https://streamable.com/8lh1we