9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Интер на мускули до пласман во полуфиналето од Купот на Италија (Видео)

Фудбалерите на Интер многу потешко од очекуваното дојдоа до пласман во полуфиналето од Купот на Италија, откако славеа со 2-1 над Торино на домашен терен.

Екипата од Милано беше голем фаворит во пресрет на натпреварот и тоа го оправда со гол на Бони во 35-тата минута за водство од 1-0 на полувремето. На стартот од вториот дел, односно во 47-мата минута веќе беше 2-0 за Интер со голот на Диуф.

Сепак, кога се мислеше дека „сино-црните“ рутински ќе го однесат мечот до својот крај, Куленовиќ погоди во 57-мата минута и го врати Торино во игра.

Интер во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Наполи и Комо, кој ќе се одигра во вторник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести