Интер не ја повтори грешката на Милан, Лаутаро го надмина славниот Сандро Мацола! (Видео)

Феенорд во плејофот за осминафиинале го елиминираше Милан, но сега во осминафиналето е на пат да биде елиминиран во дуелот со другиот гигант од Милано, Интер.

Нераѕурите победија во Ротердам со 2-0 и направија огромен чекор кон четвртфинале во кое ќе играат со Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Аргентинецот Лаутаро Мартинез со својот 18-ти гол во ЛШ се изедначи со Адријано на првото место на вечната листа на стрелци кај Интер во елитното европско натпреварување, оставајќи го зад себе на трето место легендарниот Сандро Мацола.

Лаутаро вечерва погоди за 2-0, а првиот гол за Интер го даде Маркус Турам. Победата на италијанскиот првак можеше да биде и поубедлива, но при 2-0, Пјотр Зјелински не реализираше пенал. Интересно е дека против Феенорд сезонава во ЛШ се шутнаа четири пенали, а само еден беше претворен во гол. Меѓу оние кои утнаа беше и Бојан Миовски од Жирона.

Овации на „Де Кајп“ доби и фудбалерот на Интер, Стефан Де Врај, кој е дете на Феенорд и одигра 135 меча за овој клуб.

Погледнете го голот на Французинот со кој се отвори резултатот:

- Оглас -

Најнови вести