6202 Португалија У21 – Холандија У21 (18.00 часот)
Во ова четвртфинале на младинското ЕП, Португалија влезе како првопласирана во својата група, додека Холанѓаните беа втори. Португалците во трите мечеви освоија 7 бода и не примија гол, а дадоа девет, додека Лалињата еднаш загубија, од Данска, и гол разликата им е 5-4. Средбата ќе се игра во Жилина, и за двата тима тоа ќе биде првпат да играат на тој стадион. Иако ова се други генерации, традицијата на меѓусебните дуели на младинските европски првенства помеѓу Португалија и Холандија покажува дека на последните четири дуели двата тима давале гол.
Предлог тип: 1 ()
2501 Бодо/Глимт – Бран (18.00)
Бодо има седум бодови помалку од Бран во моментов, но актуелниот норвешки првак има и одиграно три меча помалку од вечерашниот гостин. Бодо не блеска, има два порази во последните четири кола, а овој тим има серија од седум кола по ред во кои игра ефикасни средби со три или повеќе голови. Последниот меѓусебен дуел беше лани во септември и му припадна на Бран со убедливи 4-1, но последниот нивен дуел на стадионот на Бодо заврши 5-1 за домаќинот.
Предлог тип: 1 & ГГ ()
6742 Шпанија У21 – Англија У21 (21.00 часот)
Шпанците влегуваат како фаворити во ова четвртфинале на ЕП бидејќи во групната фаза освои 7, а Англија 4 бодови. На Шпанците сите три меча им беа „гол-гол“. На претходните два меча против Романија и Италија, Шпанија постигнуваше голови само во второ полувреме. Англија не знае за пораз од Црвената фурија на ЕП во оваа возрасна категорија, а нивните меѓусебни дуели досега секогаш биле тврди со најмногу 2 гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 ()
1311 Овиедо – Мирандес (21.00 часот)
Вечерва на овој меч ќе се одлучи кој од овие два тима од втора оди во првата шпанска лига. Станува збор за реванш од финалето на баражот, првиот меч му припадна на малиот Мирандес кој никогаш не бил во Ла Лига со 1-0. Овиедо бара враќање во елитата после подолга пауза, тимот од Астурија е фаворит за победа вечерва, но има треба триумф од барем два гола разлика. Плус за Овиедо е што веројатно ќе игра и ветеранот Казорла кој со гол им помогна да влезат во ова финале. Во октомври кога Овиедо го пречека Мирандес во лигашки меч од оваа сезона, домашните победија со 4-1.
Предлог тип: 1 & 2-4 ()
6704 Интер – Урава (21.00 часот)
Италијанскиот и европски вицепрвак мора да го добие овој меч ако сака осминафинале на Светското клупско првенство. Интер во првото коло одигра нерешено со Монтереј, а ако не победи ни против Црвените дијаманти од Јапонија, ќе мора да се вади во третото коли против Ривер плејт, што нема да биде лесна задача. Урава на стартот загуби од Ривер со 1-3. Проблем за Интер се повредите на Думфрис и Чалханоглу, но и без нив би требало да триумфира.
Предлог тип: 1-1 & 2+ ()