Интер покажа зошто е лидер во италијанската Серија А, откако со убедливо 5:0 победи на гости кај Сасуоло, во меч од 24 коло. Со оваа победа Нераѕурите стигнаа до 58 бодови и се убедливо први на табелата пред градскиот ривал Милан кој има 50 бодови од меч помалку, додека Наполи е трет со 49 бодови.
Фаворитот уште во 11 минута ја отвори серијата погодоци кога Бисек погоди за 1:0. Овој погодк може да го видите ТУКА.
Се играше 28 минута, а Турам зголеми на 2:0 и тој погодок може да го видите ТУКА.
Во второто полувреме Интер продолжи уште посилно да напаѓа, а тоа резултираше со три нови погодоци. Лаутаро Мартинез погоди за 3:0 во 50 минута, а само четири минути подоцна аканџи зголеми на 4:0 Тие погодоци може да ги видите ТУКА и ТУКА.
Точка на победата стави Луис Енрике со прекрасен погодок во 89 минута.

