Интер одбра тренер и за следната сезона

Лучијано Спалети ќе остане тренер на Интер и во следната сезона, потврди генералниот директор на клубот, Џузепе Марота. Самиот Марота мораше да потврди дека нема да има промена на тренерското место откако во медиумите се појавија информации дека е можно летоска да биде доведен Антонио Конте.

„Дали сме го одбрале тренерот за следната сезона? Да, тоа е Спалети. Имаме договор со него, задоволни сме од неговата работа и тој останува во клубот“, вели бизнисменот и прв човек на Интер, Марота.

Интер моментно е на третото место на табелата во Серија А со 62 бода, но дури и осмопласираниот Лацио, кој има 55 бодови, се надева дека во последните четири кола може да стигне до позиција која гарантира учество во Лигата на шампионите за следната сезона. Тоа значи дека до крајот ќе има интересна битка во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести