Болоња со гол на Рикардо Орсолини во 94-та минута, го победи Интер со 1-0, и тоа донесе голема радост во Болоња, но и во Неапол. Реми не им одговараше ни на домашните, ни на гостите, Болоња не се задоволи со бод и нападна во финишот, а тоа им се исплатеше, па остануваат во трка за место во Лигата на шампионите.
Интер остана прв на табелата, но само затоа што има подобра гол-разлика од Наполи, на оет кола до крајот имаат ист број бодови. Во следното коло Интер ќе има тешка задала против разиграната Рома.
⚽️ GOAL: Riccardo Orsolini
🇮🇹 Bologna 1-0 Interpic.twitter.com/cXX5Vqqfq1— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 20, 2025