Интер повеќе од шест децении немал вака лош старт на годината

Интер загуби на свој терен од Болоња со 0:1 и приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи. „Нераѕурите“ беа апсолутни фаворити против тимот кој се бори за опстанок и екипата која една година немаше победа на гостински терен.

Болоња на овој меч ја предводеше Синиша Михајловиќ кој се врати на клупата и веднаш донесе радост. Сантандер го даде погодокот за победа на Болоња, а Интер продолжи да се мачи без да постигне гол. Тренерот на миланскиот гигант, Лучано Спалети многу брзо може да добие и отказ.

Статистиката покажува дека Интер цели 63 години немал толку лош старт на годината. „Нераѕурите“ во трите меча во Серија А кои ги одиграа во 2019 година имаат едно реми и два порази, но што е уште поважно, уште немаат дадено ниту еден гол. Последниот погодок го дадоа во декември 2018 година во победата од 1:0 на гости кај Киево. Од тој погодок, поминаа 290 минути како Интер не ги израдувал своите фанови.

 

- Оглас -

Најнови вести