Интер сака да го „украде“ Кјеза, и тоа бесплатно следното лето

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Кјеза, би можело изненадувачки да премине во шампионот Интер, тврди „Кориере дела Сера“. Нераѕурите внимателно ја следат ситуацијата околу италијанскиот репрезентативец, кој сè уште не го продолжил договорот со торинскиот гигант.

Кјеза е поврзан со Јувентус до 2025 година, но преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот засега не даваат резултат. Поради тоа Јуве го стави фудбалерот на трансфер-листа. Меѓу кандидатите за неговиот потпис е и Тотенхем.

Интер не планира да плати отштета за Кјеза. Идејата на миланскиот клуб е да го земе фудбалерот како слободен агент следното лето, ако тој не направи трансфер во друг клуб.

Во изминатата сезона Кјеза одигра 33 натпревари во Серија А, на кои постигна девет гола во дресот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести