Интер се договори со Бразилец од Марсеј, сака да го купи пред СКП

Десното крило на Олимпик Марсеј, Луис Енрике, од наредната сезона ќе биде дел од членот на Серија А, Интер. Фудбалерот и клубот од Милано веќе ги договориле личните услови, па сега останува само уште раководството на Марсеј да ја прифати понудата, која изнесува 24 милиони евра фиксно и дополнителни четири милиони евра бонуси.

Иако можеби е рано, сепак од Интер сакаат да дојдат до потписот на Енрике уште на почетокот на летниот трансфер-период за да го имаа Бразилецот на располагање и за Светското клупско првенство во САД.

Луис Енрике пристигна во Марсеј минатата година за осум милиони евра, а во моментов вреди 18 милиони евра, па токму затоа за очекување е дека членот на Лига 1 ќе ја прифати сумата која му ја нудат од Интер.

- Оглас -

Најнови вести