Екипата на Интер со головите на Димарко кој прво беше поништен, па признат, и Турам, победи со 2-0 на гостувањето кај Парма и се зацврсти на првото место на табелата во Серија А.
Интер има 4 бода пред вториот Милан кој утре против Џенова треба да го одигра својот меч од ова 18-то коло, а четири бода зад лидерот е и Наполи, но наполитанците имаат одиграно ист број на мечеви како и Интер.
Интер уште нема реми сезонава, но има 14 победи на 18 средби, и најефикасен тим се во лигата.
Драматичен меч се одигра во Рим каде Лацио и Фиорентина одиграа 2-2 и сите голови паднаа во второто полувреме. Во 89-та минута Виолетовите од пенал поведоа со 2-1, беа блиску до нова победа која малку би ги извлекла од дното, но во 95-та минута Лацио од пенал израмни на 2-2.
И на третиот меч во Серија А вечерва гостите дадоа два гола. Тие два гола му беа доволни на Удинезе за победа над Торино.

