Интер се спаси против Торино, но е пред збогување со титулата во Серија А

Актуелниот првак на Италија, Интер, е пред речиси невозможна мисија да ја одбрани титулата по ремито против Торино од 1:1 во рамките на 29-тото коло од Серија А.

Нераѕурите на незгодното гостување израмнија со голот на Хоакин Кореа во 93-тата минута, откако претходно Торино поведе преку погодокот на Бремер во 24-тата.

Интер сега има 59 бодови и има четири помалку од лидерот Милан, односно два помалку од второпласираниот Наполи, но и натпревар помалку. Следува Јувентус со 56 бодови, кој исто така има и меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести