Интер се вклучи во трката за еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен

Италијанскиот првак Интер се вклучи во трката за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах. Тој би можел да пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент на крајот од сезоната, пишува „Газета дело Спорт“.

Договорот на германскиот репрезентативец истекува по завршувањето на оваа сезона, а сѐ помалку е веројатно дека ќе биде обновен. Ова предизвика интерес за Тах од клубови како Баерн Минхен и Барселона. Сепак, Интер е исто така подготвен да се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот.


Нераѕурите се мајстори за потпишување со слободни агенти, со оглед дека на сличен начин ги доведоа Стефан де Фрај, Хакан Чалханоглу, Хенрик Мхитарјан, Маркус Турам, Пјотр Зиелински и Мехди Тареми. Дополнително, на миланскиот гигант би можеле да му помогнат истите посредници кои го обезбедија трансферот на Бењамин Павар од Баерн Минхен.

Неколку дефанзивци на Интер, како Франческо Ачерби (36 години), Матео Дармијан (34 години) и Стефан де Фрај (32 години), се во поодминати фудбалски години, па потенцијалното привлекување на 28-годишниот Тах би донело свежина во одбраната на тимот.

Тој имаше важна улога во историската титула на Баер Леверкузен во Бундеслигата, а оваа сезона продолжува да биде клучен играч во тимот на Чаби Алонсо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести