Интер со нов договор за еден од најдобрите играчи, тој не сака да остане под тие услови

Интер во завршницата од сезоната во Серија А лигата се бори со градскиот ривла Милан за титулата. Двата тима од Милано во последните три кола влегуваат речиси израмнети, додека Милан доколку слави на сите три натпревари, тогаш ќе се радува на круната.

Но, од таборот на Интер продолжуваат со одличната работа и покрај најавените засилувања како Паоло Дибала и Родриго де Пол, оваа екипа сака да му го продолжи договорот на Иван Перишиќ, кој истекува летово.

Хрватот е еден од најдобрите играчи сезонава, но тој не сака да остане под условите кои што му се нудат, а тоа е четири милиони евра по сезона и договор на една година, додека тој сака пет милиони на годишно ниво, а соработката да биде продолжена на две години.

33-годишниот хрватски репрезентативец во Интер е од 2015 година а од тогаш има 250 настапи и 52 постигнати погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести