Интер со пресврт против Верона го симна Јувентус од врвот во Серија А (Видео)

Интер стигна до десетата победа во 12 коло сезонава, откако со многу мака славеше против Верона со 2:1. Изненадувачки, гостите на полувремето имаа предност од 1:0, благодарение на погодокот на Вере од пенал уште во 19 минута.

Водството на Верона траеше до 65 минута кога Вечино погоди за 1:1. За комплетен пресврт и радост на фановите на „Џузепе Меаца“ се погрижи Барела во 83 минута. Сега Интер има 31 бодови, а Јувентус остана на 29, но Старата дама има и меч помалку. Актуелниот првак на Италија, утревечер во Торино го пречекува Милан во дуел кој некогаш беше дерби, а сега се очекува сигуна победа на домаќините.

https://youtu.be/fYa9v_owbAw

 

- Оглас -

Најнови вести