Интер во еден дзив денеска ги промовираше двете големи засилувања, Един Џеко и Дензел Думфрис. Џеко веќе и настапи за Интер и тоа пред официјално да биде претставен од клубот, а во дебито постигна и гол за шампионот на Италија, против Динамо Киев во победата од 3:0 на пријателски меч.
Потоа Интер се пофали со новиот шпиц, кој дојде како замена за Ромелу Лукаку, играч што замина во Челзи. Џеко пристигна во Интер како слободен играч и потпиша договор до 2023 година, а ако успее и идната сезона да се пласира во Лигата на шампионите ќе и плати на Рома 1.5 милиони евра.
🚨 | ANNOUNCEMENT@EdDzeko is an #Inter player ⚫🔵
👉 https://t.co/eMw6uErh9C#WelcomeEdin #IMInter pic.twitter.com/01KL4Ia5Mh
— Inter (@Inter_en) August 14, 2021
Веднаш потоа навивачите на Интер имаа нова причина за радост, откако и Думфрис беше претставен како нов играч, со потпишан четиригодишен договор.
🚨 | ANNOUNCEMENT
Denzel Dumfries joins #Inter!⚫️🔵
👉 https://t.co/ydudKXQEYI#WelcomeDenzel #IMInter pic.twitter.com/mtLZOlZWhZ
— Inter (@Inter_en) August 14, 2021