Џеко даде гол за Интер пред да го претстават како ново засилување (Видео)

Един Џеко се уште не е официјално промовиран како нов играч на Интер, а веќе го постигна и првиот гол за италијанскиот шампион во дебито против Динамо Киев.

Босанскиот репрезентативец ќе биде замена за Ромелу Лукаку, кој замина во Челзи, а веќе на дебито покажа дека ќе биде големо засилување.

Џеко учествуваше и во акцијата за првиот гол, што го постигна Николо Барела, а потоа и самиот погоди за 2:0 во 34. минута.

Inter [2] – 0 Dynamo Kyiv – Edin Džeko 34′ from soccer

Интер се подготвува за новото првенство што ќе почне идниот викенд, а Нероаѕурите ја прекинаа доминацијата на Јувентус што траеше девет сезони и го освои Скудетото.

Во првото коло во Серија А Нероаѕурите ќе играат идната сабота на домашен терен, а гостин на премиерата ќе им биде Горан Пандев со Џенова.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести