26.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Интер вторпат го победи Милан и заслужено е во финалето на ЛШ (Видео)

Екипата на Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва во Милано по вторпат го победи градскиот ривал Милан, овојпат со 1:0. По двата меча во миланското дерби, Нераѕурите победија со вкупни 3:0 и сосема заслужено се изборија за место во финалето од елитното натпреварување на УЕФА.

Вториот патник во финалето кое ќе се игра во Истанбул, ќе биде познат по утрешниот реванш меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Првата средба меѓу овие две екипи заврши без победник 1:1.

Вечерва на „Џузепе Меаца“, Милан беше тимот кој требаше да нападне, но Росонерите беа немоќни. Интер сите дилеми ги реши во 74-тата минута, кога Лаутаро Мартинес погоди за 1:0, односно вкупни 3:0.

Погодокот на Лауттаро може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести