Договорот на Роберт Левандовски и Барселона е главната тема во Шпанија изминатиот период. Како што е веќе познато, полскиот репрезентативец на крајот од сезоната ќе биде слободен фудбалер, секако доколку Kаталонците не му понудат продолжување на договорот.
На негова адреса веќе пристигнале понуди од екипи од Саудиска Арабија, како и од Милан, но тие се експресно одбиени. Одоговорот на Левандовски е ‘или останувам во Барселона или одам во пензија’.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, полскиот интернационалец е воодушевен од Барселона и можностите кои ги нуди градот, па неговиот план е доколку не остане да игра за Барселона, сепак заедно со неговото семејство да продолжат да живеат во главниот град на Каталонија.
Од друга страна, плановите на раководството на Барселона се да се ослободат од Левандовски и да доведат помлад напаѓач, но Левандовски со хет-трикот против Селта Виго на гости не само што најави дека не е „стар“ туку потврди дека сè уште е во топ-форма и може да се носи со помладите дефанзивци.

