Кошаркарите на Барселона со 80:70 го совладаа Монако и ја забележаа четвртата победа по ред во Евролигата и ја продолжија потерата по лидерот Олимпијакос.
Барселона сега има скор од 17 победи и осум порази и е втора на табелата, додека Монако кој до пред неколку кола беше лидер, го доживеа десеттиот пораз и падна на петтото место. Томаш Саторански со 15 поени ја предводеше Барселона во триумфот.
Лидерот Олимпијакос во Валенсија дојде до седмата победа по ред во Евролигата, откако со 92:85 го победи шпанскиот тим.
Грчкиот тим по 25 кола има 18 победи и седум порази и е лидер на табелата, додека Валенсија им се приклучи на Партизан, Макаби, Жалгирис, а од вечерва и Басконија со скор 13-12 кој им носи делба на шестото место.
Папаниколау беше најефикасен во тимот на Олимпијакос со 22 поени, Везенков го следеше со 19 поени и седум скока, додека Препелиќ со 21 поен и Веб со 14 поени беа најефикасни кај Валенсија.
Успешен настап пред своите гледачи имаше Виртус кој со 88:83 ја победи Басконија, додека Анадолу Ефес во драматичен натпревар со 90:89 го победи Лион Вилербан и тоа како гостин.