Австралиските навивачи чекаа повеќе 12 години за победа на нивните фудбалери на Светските првенства, а постот беше прекинат денеска со триумфот од 1:0 над Тунис.
Со минималната победа беше прекината уште една непријатна традиција, по точно 48 години, Австралија не прими гол на Светските првенства.
Најзаслужен за тоа е Мич Дјук кој во 23-та минута го постигна единствениот гол на дуелот со Мароко.
Дјук голот го прослави така што со прстите ја направи буквата Ј и со насмевка го покажа тој гест на некого на трибините.
https://twitter.com/OptusSport/status/1596462484193366016?s=20&t=pWBNn_XZ-_2B5QBSKpA_Aw
Не им требаше многу време на австралиските медиуми да откријат за кого беше упатена пораката од Дјук. Буквата Ј и насмевката беа наменети за неговиот син Џексон кој е роден пред шест години.
Поради клупски обврски, Мич Дјук не бил во Англија кога се родил Џексон, туку во Јапонија каде настапувал за екипата на Шимицу.
Дјук, тогаш решил дека ќе го носи синот на сите натпревари каде и да игра, па Уште тогаш решил дека синот ќе го носи секаде и секогаш, па денеска Џексон беше на трибините на „Ал Јануб“ стадионот и го следеше дуелот со Тунис.
Џексон беше воодушевен кога неговиот татко ја затресе мрежата, а специјалната порака, неговата среќа беше преголема. Дури и тој го направи истиот знак со прст како неговиот татко, херојот на Австралија.
Интересно е што Мич и неговата сопруга Шарлот добија ќерка во јануари минатата година, а фудбалерот исто така го пропушти раѓањето на детето поради клупски обврски.