Италијанскиот гигант Јувентус утревечер има многу важно гостување во Франција, на Монако, во рамките од последното осмо коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Старата дама со евентуална победа може да си обезбеди место меѓу најдобрите осум, што би значело и директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.
Во Јувентус всушност се надеваат на нешто многу повеќе од играње во осминафиналето. Има една интересна традиција која вели дека кога гигантот од Торино гостува кај Монако во ЛШ, Јувентус секогаш игра во финалето на ова натпреварување.
Досега тоа се случило трипати. Првиот пат беше во 1998 година, кога Јувентус гостуваше кај Монако во нокаут-фазата од ЛШ и загуби со 3:2, но поради победата дома со 4:1 отиде понатаму и играше во финалето.
Вториот пат беше во сезоната 2014/15, и тоа во четвртфиналната фаза. Тогаш Јувентс дома победи минимално со 1:0, а на гости одигра без голови и отиде понатаму, а потоа играше финале.
Две години подоцна, Јувентус повторно мораше да гостува кај Монанко, и тоа во полуфиналето. Старата дама двапати славеше и се најде во финалето на ЛШ, каде што загуби од Реал Мадрид. Интересно е дека Јувентус ги загуби сите три финалиња, но сигурно дека во таборот на италијанскиот тим се надеваат дека прво ќе продолжи традицијата да играат во финале, а потоа и да ја прекинат низата од порази во завршниот меч.

