Интересно откритие на ѕвездата на Челзи: Навивав за Манчестер јунајтед, идол ми беше Руни!

Офанзивниот играч од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, објасни зошто сака да игра на домашниот стадион на Манчестер јунајтед, „Олд Трафорд“. Иако кариерата ја почна во Сити и тренираше во тој клуб од кој се пресели во лондонски Челзи, Палмер како дете бил за градскиот ривал, Црвените ѓаволи.

„Сакам да се враќам на Олд Трафорд бидејќи одев на натпревари таму како дете. Идол од детството ми беше Вејн Руни. Бев навивач на Јунајтед и тој веројатно беше нивниот најдобар играч во тоа време“, изјави Палмер.

Англискиот репрезентативец оваа сезона на 23 натпревари во Премиер лигата постигна 14 гола и има шест асистенции.

- Оглас -

Најнови вести