Британското списание „FourFourTwo“ направи рангирање на 100-те најдобри фудбалери во светот во моментот, каде првото место го зазема бразилскиот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус јуниор. Во топ 3 се наоѓаат Ерлинг Халанд и Џуд Белингам.
Интересно е што Лионел Меси е рангиран дури на 44-то место, додека Лука Модриќ е на крајот од “стотката”.
Во Топ 20, покрај Винисиус јуниор, Ерлинг Халанд и Џуд Белингам, се наоѓаат и следните имиња: Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Родри (Манчестер сити), Хари Кејн (Баерн), Мохамед Салах (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Џамал Мусијала (Баерн), Кевин де Бројне (Манчестер сити), Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Ламин Јамал (Барселона), Букајо Сака (Арсенал), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алисон Бекер (Ливерпул), Фил Фоден (Манчестер сити), Кол Палмер (Челзи), Деклан Рајс (Арсенал) и Антонио Рудигер (Реал Мадрид).
Од поинтересните фудбалери во ова рангирање, Бернардо Силва е на 21-во место, Родриго е на 23-та позиција, а Илкај Гундоган на 29-то место.
Лионел Меси е рангиран како 44-ти најдобар фудбалер во овој момент, Мануел Нојер е на 55-то место, а Бруно Фернандеш дури на 60-та позиција.