Инцидент на тренингот на Германија, во клинч Ридигер и Фулкруг

Антонио Ридигер и Никлас Фулкруг за малку ќе се степале на денешниот отворен тренинг со публика на германската фудбалска репрезентација.

Конфликтот помеѓу двајцата 31-годишни фудбалери, кои се добри пријатели и одамна се знаат, можел да биде и посериозен доколку не реагирале останатите.

Дефанзивецот на Реал Мадрид имал неколку груби интервенции против напаѓачот на Борусија Дортмунд, а незадоволниот Фулкруг го пцуел Ридигер, тргнал кон него и почнале да се туркаат. Фулкруг барал од еден од помошните тренери да го опомене Ридигер и да му каже дека прави прекршоци.

Друг помошник на селекторот Јулијан Нагелсман, Сандро Вагнер, бил човекот кој спречил тепачка.

Засега не се знае дали селекторот Јулијан Нагелсман ќе ги санкционира своите нервозни репрезентативци или ќе процени дека тоа било нормална работа во жарот на борбата.

По тренингот, ситуацијата се смирила. Фулкруг на „Инстаграм“ објави фотографија, а Ридигер му коментираше со срце.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести