Инцидент во Хамбург: Полицијата пукаше во човек кој со секира се движел кон холандските навивачи (Видео)

Голем инцидент се случил попладнево во Хамбург во пресрет на мечот помеѓу Полска и Холандија на Европското првенство. Во близина на фан-зоната на холанските навивачи, каде имало околу 40.000 луѓе, застрелан е човек кој со секира се движел кон нив.

Според првичните информации, тој најпрво бил повикан од полицијата да сопре, но кога не го сторил тоа, бил упоребен солзавец, а дури потоа полицајците испукале во воздух, а потоа и во него. Напаѓачот во моментов е во болница и неговиот живот не е загрозен.

https://twitter.com/i/status/1802309540051820969

Некои од информациите велат дека се работи за навивач на Холандија, но нема официјална потврда, а здружението на холандски навивачи веднаш ги демантираше пишувањата дека се работи за фан на „лалињата“. Нема информации ниту дали настанот ќе биде окарактеризиран како тероризам и дали воопшто се рабти за тероризам.

- Оглас -

Најнови вести