Инзаги апелира: Дајте му ја 9-ката на Ибрахимовиќ

Проклетството во Милан трае откако Филипо Инзаги ги закачи копачки на клин во 2012 година. Оттогаш не се најде голгетер кој ќе може да го пополни неговото место носејќи го бројот 9 на дресот, a по легендарниот италијански напаѓал дури осум играчи се обидоа да ја тргнат клетвата.

На почетокот од зимскиот преоден рок, на „Сан Сиро“ се врати Златан Ибрахимовиќ, но тој се одлучи да го носи бројот 21, кој порано беше сопственост на Андреа Пирло. Бројот 9 беше зафатен од Кжиштоф Пјонтек, но Полјакот сега е член на Херта Берлин, што значи дека деветката е слободна за Ибра.

Дури и легенрадниот Пипо апелираше да му се даде бројот 9 на Ибрахимовиќ за да се тргне таа клетва. Верува дека само Швеѓанецот може да го стори тоа земајќи ги во предвнид неговите квалитети и искуство.

„Ќе бидам среќен кога ќе видам дека некој во Милан успева да ја одбрани честа на бројот 9. Не би било исправно да се исфрли од употреба, а, ако некој може да ја тргне клетвата, тоа е Ибрахимовиќ. Доколку остане и следната сезона, се надевам дека ќе ја преземе оваа одговорност бидејќи има широк грб и може да го носи. Убеден сум дека Златан ќе биде од голема корист за екипата, бидејќи тој никогаш не се пушта во предизвик доколку не е 100% подготвен“, истакна Инзаги.

Ексрепрезентативецот на Аѕурите потоа додаде дека не ќе може да го проследи миланското дерби меѓу лутите ривали, бидејќи во истиот термин игра и неговиот Беневенто.

 

- Оглас -

Најнови вести