Раководството на Манчестер јунајтед, иако се очекуваше да му врачи отказ на Ерик тен Хаг, сепак, на последниот состанок му изгласа „доверба“ и тој ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“. Сепак, и покрај ваквата одлука, тие интензивно се во потрага по нов тренер, а прв пик им е тренерот на Интер, Симоне Инѕаги.
Тој веќе двапати бил контактиран преку посредници и двапати ги одбил. Првиот пат тоа се случило летоска, а вториот во текот на септемвриската пауза. Пред ангажманот на Мареска, легендарниот италијанец ги одбил и челниците на Челзи.
На Инѕаги одлично му оди со Интер, играше во финалето на Лигата на шампионите, а минатата сезона го врати и Скудетото на „Џузепе Меаца“. Сепак, и покрај двете „корпи“, раководството на Манчестер јунајтед не планира да се откаже и планира повторно да го контактира италијанецот, се со цел да го доведе на „Олд Трафорд“.