Инѕаги продолжува со Интер, новиот договор ќе биде објавен по дуелот против Баерн Минхен

Симоне Инѕаги нема намера да си замине од Милано и во иднина ќе остане тренер на Интер. Актуелниот договор му е со важност до 2026 година, но според „Газета дело спорт“, клубот и тренерот веќе имаат устен договор за продолжување до 2028 година.

Тренерот на Интер со плата од 6,5 милиони евра годишно е најплатен во Серија А, но сега ќе добие уште поголема плата, која се очекува да надмине седум милиони евра по сезона.

Славниот Инѕаги е тренер на Интер од 2021 година, а во овие четири години освои еден трофеј од Серија А, два од Купот на Италија, три од италијанскиот Супер куп, а играше и финале на Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести