Инѕаги: Ќе се бориме до самиот крај и нема да се откажеме од Скудетото

Интер со победата над Каљари од 3:1 остана во игра за Скудетото во Серија А. Но, за да дојдат до титулата мора да се надеваат на победа на Сасуоло над Милан.

Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инѕаги најави дека неговиот тим ќе се бори до самиот крај, но и дека сè уште веруваат во титулата.

„Ќе се бориме до самиот крај и нема да се откажеме од Скудетото. Знаеме дека работите не зависат од нас, но ние ќе го направиме своето, а секогаш за да дојдеш до голем успех, потребно е малку среќа. Се надеваме дека ние ќе ја имаме“ изјави Инѕаги по победата над Каљари.

Интер во последното коло кое се игра во недела од 15 часот ќе ја пречека Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести