Инѕаги откри која е тајната за победата на Интер во Минхен

Интер уште еднаш покажа дека знае да одигра најдобро кога е најпотребно, па италијанскиот шампион го победи Баерн во Минхен со 2:1, во првиот меч од четвртфиналето од ЛШ. По средбата, тренерот на Нераѕурите, Симоне Инѕаги, беше презадоволен.

„Знам дека морам да им се заблагодарам на овие момци затоа што вечерва дадоа сè. Ни недотасуваа некои важни играчи, но не дозволивме тоа да се покаже на теренот благодарение на помошта на сите коишто играа. Кога слушам како се зборува за замени, тоа ме фрустрира бидејќи тоа е целиот тим на Интер; сите играчи ни помогнаа да стигнеме до април и да се натпреваруваме на сите фронтови“, задоволно коментира Инѕаги, кој не сакаше да издвои ниту еден играч посебно.

Стратегот на Интер вели дека моќта на тимот е во сплотеноста, во тоа што сите многу го почитуваат дресот на Интер и што го даваат максимумот на теренот.

„Отсекогаш сум велел – имав среќа да најдам група момци како оваа, кои се многу приврзани за дресот на Интер и се обидуваат да дадат сè на теренот и покрај тешкотиите. Во последните два месеца, никогаш не сум имал толку многу потешкотии во однос на достапните играчи, со сите овие натпревари за играње. Овој тим се издигнува себеси надвор од неговите граници. Одигравме 47 натпревари, но играчите не го чувствуваат заморот, тие продолжуваат да работат. Оваа победа секако треба да ни даде уште поголем мотив во продолжение на сезоната“, задоволно коментираше Инѕаги по победата во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести