Инѕаги: Пеналот беше чист, а потоа немаше потреба да се повторува

Интер по пауза од една деценија се радуваше на победа на стадионот на Јувентус и со тоа Нераѕурите покажаа дека се подготвени за борба за титулата во Серија А. Калханоглу беше стрелец на единствениот гол и тоа од пенал, во последните моменти од првото полувреме.

Пеналот беше досуден по консултација со ВАР системот, а откако играчот на Интер промаши, во продолжение на акцијата Интер даде гол, а судијата го поништи покажувајќи дека има фаул во корист на Јувентус. Сепак, веднаш потоа повторно по сигнализација од ВАР собата беше утврдено дека треба да се повтори ударот од белата точка затоа што Де Лихт предвреме влегол во шеснаесетникот.

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги има свое видување на целата оваа ситуација.

„Тоа беше чист пенал и потоа воопшто не требаше да се повторува, затоа што Калханоглу даде гол во продолжение на акцијата. Немаше никаков фаул од негова страна за да биде топка за Јувентус. Имаше слична ситуација кога против Јувентус игравме на Џузепе Меаца, плус јас тогаш бев исклучен, но на крајот го прифатив ремито и останав да молчам“, рече Инѕаги.

Спорната ситуација која го реши победникот на стадионот во Торино, може да ја видите ТУКА.

Интер сега има 63 бодови од 30 меча, додека Милан  лидер со 66 бодови од 30 средби. Наполи е втор со 66 бодови, но од 31 одигран дуел.

- Оглас -

Најнови вести