Интер е тимот кој остана без трофеј во италијанскиот фудбал иако беше фаворит за пехарите во првенството и Купот. Во Серија А, Интер заврши како втор само со еден бод помалку од шампионот Наполи, додека во Купот, Нераѕурите загубија во полуфиналето.
Сепак, Интер уште има шанса да ја заврши сезоната со трофеј ,и тоа со најважниот, тој во Лигата на шампионите. Нераѕруите ќе играат во саботното финале против Пари Сен Жермен, а тренерот Симоне Инѕаги е оптимист.
„ПСЖ е многу добар тим со одлични фудбалери. Имаат многу квалитетен тренер, кој знае како е да се игра во финале на Лига на шампиони. Ќе го дадеме најдоброто од себе. Многумина сметаат дека ПСЖ е фаворит? Мислам дека нашиот дух и заедништвото може да ни помогнат. Сезонава веќе игравме против Барселона, Баерн Минхен, Арсенал, Манчестер сити и покажавме дека може да му парираме секому. Нашиот тим има големо срце и многупати тоа го покажавме на терен. Во последните 50 години Интер трипати играл во финале на Лигата на шампионите, а од тие, двапати е со мене како тренер“, вели Инѕаги.