Иран суспендиран од ФИФА! Македонија оди на СП во Катар затоа што успеа да победи два поранешни светски прваци!

Репрезентацијата на Иран е суспендирана од Светската фудбалска федерација (ФИФА) и поради тоа го загуби местото на Мундијалот во Катар. Иран беше под истрага од ФИФА поради тоа што на еден меч од квалификациите за СП 2022 година, не дозоволи влез на повеќе од 2.000 жени на стадион, што се смета за кршење на основните човекови права.

Во изминативе два дена, ФИФА имаше состанок на кој суспензии добија федерациите на Пакистан, Зимбабве и Кенија поради мешање на политиката во фудбалот.

По суспензијата на Иран, се отвори едно место на Мундијалот во Катар, а од ФИФА одлучиле дека Македонија најмногу заслужува да биде дел од планетарниот собир и тоа поради двете победи на гостински терен против најтрофејните европски репрезентации, Германија и Италија.

Германија и Италија имаат по четири светски титули на Мундијалите, а во борбите за пласман во Катар загубија на домашен терен од Македонија. Гермаците капитулираа во Дуизбург кога беа поразени со 2:1 во групната фаза, а Италија ја елиминиравме во полуфиналето од баражот со победа од 1:0 во Палермо.

Иако сите посакувавме Македонија да ја видиме на Мундијалот во Катар и со двете победи над Италија и Германија навистина покажа дека има квалитет да биде дел од најдобрите, сепак ова е само една ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА. За деби настапот на Македонија на Светско пренство ќе почекаме барем до Мундијалот во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести