ФИФА суспендира три земји заради мешање на политика во фудбалот, се чека одлука за Иран

Светската фудбалска федерација, ФИФА, одржува конгрес во Доха, Катар, на којшто ги суспендира Пакистан, Зимбабве и Кенија поради мешање на политиката во фудбалот.

Трите фудбалски репрезентации на овие земји нема да имаат право да играат натпревари под капата на ФИФА. Се очекува да биде донесена и одлука за Иран, којшто се соочува со можно исфрлање од Светското првенство, поради тоа што тамошната Федерација им забранила влез на жените на стадион.

Разврската е очекувана и во Италија, којашто би можела да влезе на шампионатот како најдоброрангирана селекција што не обезбеди настап на СП.

Ждребот за светскиот шампионат ќе се одржи утре, а познати се шеширите за извлекувањето.

- Оглас -

Најнови вести