Иранскиот репрезентативец Сардар Азмун е стрелец на првиот гол во новото издание на Лигата на шампионите, а Зенит води со 1:0 против Лион на гостински терен.
Акцијата за првиот гол беше одлична, а двојно одиграа Ѕјуба и Азмун, а Иранецот ја отвори гол-сезоната во европската Лига на шампиони.
https://www.youtube.com/watch?v=Hor98oyFX58
Од 18.55 часот почна уште еден меч, а играчите на Интер и Славија Прага заминаа на пауза по првото полувреме без голови.
Од 21 часот ќе играат Борусија Дортмунд – Барселона, Наполи – Ливерпул, Бенфика – Лајпциг, Ајакс – Лил, Челзи – Валенсија и Салцбург – Генк.