Ирански фајтер удри ринг-девојка , а потоа доби ќотек во кафезот, но и надвор од него (Видео)

Во Москва се одржа ММА настан во организација на ХФЦ, а во фокусот беше борбата меѓу Иранецот Алија Хеибати и Аркадија Осипјана од Ерменија. Пред мечот, Иранецот направи необичен потег кога со нога ја клоцна девојката која го најавуваше стартот на првата рунда.

Веднаш реагираше судијата, кој го опомена фајтерот. Борбата почна, но само по четири минути Хеибати беше матиран и поразен. Потоа Иранецот продолжи со недолично однесување и да го напаѓа пртивникот, па откако излезе од рингот, го пресретнаа неколку лути гледачи, кои му дадоа „лекција“ дека треба да се однесува спортски.

Поради своето однесување, Хеибати доби доживотна забрана за настап во ова ХФЦ натпреварување кое е дел од ММА.

- Оглас -

Најнови вести