Ирански фудбалер казнет само затоа што прегрнал навивачка

Фудбалерот на ирански Естегал, Рамин Резајан, заработи парична казна од Фудбалскиот сојуз на оваа азиска земја и тоа од бизарна причина. Резајан прегрнал една навивачка на Естегал, која успеала да го мине обезбедувањето и да дојде до автобусот на фудбалерите.

Играчот на Естегал е казнет со парична казна од 510 милиони ријали, односно 11.645 евра. Во владеат строги исламски правила и мажите и жените не смеат да покажуваат блискост, освен ако не се од исто семејство. Неодамна ваква казна заработи и неговиот соиграч, голманот Хосеин Хосеини, кој прегрна навивачка на стадион.

До 2019 година на стадионите во Иран беше забрането присуство на жени на фудбалските натпревари, но под притисок на ФИФА, им беше дозволено, но само во ограничен број.

- Оглас -

Најнови вести