Иранскиот голман е светски рекордер во фрлање на топката со рака (Видео)

Иранскиот голман Алириза Беиранванд летоска на Светското првенство, на дуелот со Португалија со своите одбрани го исфрустрира Кристијано Роналдо, кому му фати и пенал, а сега на Азиското првенство направи потег на којшто му се воодушевуваат сите.

На дербито помеѓу Ирак и Иран, Алириза од својот шеснаесетник со рака ја фрли топката и таа падна на 30-тина метри пред противничкиот гол. Многумина коментираат дека некои голмани ниту кога дегажираат со нога, не може да ја испратат топката да лета речиси 70 метри, а голманот на клубот Персеполис и на иранскиот национален тим успева со рака да фрли толку далеку.

Можеби добро би било Алириза да се обиде да почне кариера во фрлање диск. Пред да стане професионален фудбалер, Беиранванд миел коли, чистел улици и работел во конфекциска фабрика.

Погледнете како Беиранванд ја фрла топката далеку од неговиот 16-тник:

https://www.youtube.com/watch?v=00kVALGipYk

- Оглас -

Најнови вести