Иранските власти на еден фудбалер му го одзеле пасошот, а друг осудиле на смрт

Поранешниот фудбалер на Херта, Волфсбург и Нотингем форест, Ашкан Дејагах (36), не смее да го напушти Иран бидејќи властите му го одзеле пасошот поради учество на протести во Берлин, и бидејќи им изрази сочувство на семејствата на загинатите за време на големите протести во Иран.

Поради тоа, Дејагах ги пропушти подготовките на неговиот тим Фулад, што се одржаа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Но, Дејагах не е единствен ирански спортист кој се најде на удар на владата во Техеран која по секоја цена сака да ги задуши протестите кои започнаа ширум зејмата по смртта на 22-годишнатаМахса Амини.

Таа беше уапсена од полицијата за морал бидејќи неправилно носела хиџаб, и починала во болница. Аутопсијата покажала дека Махса Амини починала како последица од тепањето во полициската станица каде биде задржана три дена.

Неодамна, се појавија информации дека владата на Техеран го осудила на смрт фудбалерот Амир Наср-Азадани. Државните медиуми демантираа дека Наср-Азадани е осуден на смрт, но потврдија дека тој „водел војна против Бог“ за што е предвидена смртна казна.

Наводно, фудбалерот бил вмешан во убиство на тројца полицајци, но таквите информации ги демантираат неговите соиграчи. Претходно се појавија информации дека на смрт бил осуден и најдобриот ирански фудбалер на сите времиња, Али Даеи.

- Оглас -

Најнови вести