Иранците бараат исфрлање на САД од Мундијалот во Катар!

Фудалската федерација на Иран побара од ФИФА да ги исфрли Американците од Светското првенство во Катар поради навредата со знамето која им ја направиле од Фудбалската федерација на САД.

На сајтот на Федерацијата на САД била објавена табела на која знамето на Иран е претставено без амблемот во средина, каде што е напишано името на муслиманскиот Бог.

„Потегот со знамето е неетички и против меѓународното право. Според статутот на ФИФА, за ваков прекршок следува суспензија. Тимот на САД треба да биде исфрлен од СП 2022“, порачаа од Иранската федерација.

Од Американската фудбалска федерација се бранеа дека го смениле погрешното знаме и дека покажале поддршка за состојбата на жените во Иран, а барањето на Иранците го сметаат за провокација пред утрешниот меч, кој решава за патникот во осминафиналето на СП.

- Оглас -

Најнови вести