Иранската ТВ не смее да го користи „сатанскиот“ грб на Јунајтед

Пред почетокот на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ, на иранската телевизија имаше емисија посветена на овој меч од осминафиналето во ЛШ, но необично е што на фановите во очи им падна еден детал, телевизијата го користеше стар грб кој англискиот тим го користеше од 1970 до 1972 година. Не станува за грешка направена од незнаење, туку Иранците намерно не сакаат да го покажат вистинското лого на клубот.

Проблемот за нов е што на амблемот има ѓавол. Во Иран не смее да се покажуваат јавно сатански симболи, а бидејќи Јунајтед повеќе од 45 години користи ѓавол, грбот мораше да биде цензуриран од иранската телевизија.

Пред неколку години беше цензуриран и замаглен грбот на Рома. За дел од иранската публика, неприфатливо е што на амблемот се гледаат дојките на волчицата од кои цицаат близнаците Ромул и Рем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести