Екипите на Гленторан и Колреин одиграа 2-2 во меч од првенството на Северна Ирска, а средбата ја одбележа инцидентот кога голманот на домашните физички нападна соиграч, по што му беше покажан црвен картон.
Голманот Арон Меккари ги загуби нервите во 80-та минута кога гостите изедначија на 2-2, и прво го турна силно Боби Барнс кој падна на земја, а и после тоа го давеше, додека не се вмешаа останатите соиграчи да го спречат. Судијата го исклучи голманот, кој 10 минути го остави тимот на цедило, но резултатот остана 2-2.
Glentoran keeper Aaron McCarey responds to Coleraine’s equaliser by taking out teammate Bobby Burns and getting sent off pic.twitter.com/zZj90ZSoDx
— James Dart (@James_Dart) October 16, 2021