Ирвинг: Конечно ќе играм заедно со „страшниот“ Дончиќ (Видео)

Новиот кошаркар на Далас маверикс, Кајри Ирвинг, изјави дека е среќен што ќе игра заедно со Лука Дончиќ, пренесуваат медиумите во САД.

Ирвинг вчера го одработи првиот тренинг како играч на Далас, откако во неделата беше разменет од Бруклин во замена за Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит, како и избор од првата рунда на драфтот во 2029 година и неколку избори од втората рунда.

„Конечно ќе играм заедно со еден од тие „страшни“ европски кошаркари. Неверојатно е како Дончиќ доминира на начин каков што не е виден уште од времето на Лари Бирд. Тој постојано е во потесниот круг на фаворити за МВП признанието. Воопшто не сум загрижен за тоа како ќе функционираме заедно на теренот, подготвен сум колку што можам да го тргнам притисокот од неговите плеќи бидејќи тој сака да бидам лидер покрај него. Само сакам да играм кошарка, да уживам во неговиот талент и талентот на другите соиграчи и заедно да се обидеме да ја освоиме титулата“, изјави Ирвинг.

https://twitter.com/i/status/1623091301850705920

Дебито на Ирвинг во дресот на Далас се очекува да биде вечерва, против Лос Анџелес клиперс.

„Сакам да играм во клуб кој ме слави, а не само да ме толерира и да се однесува со мене на начин што прави да не се чувствувам почитуван. Често имаше такви моменти во Бруклин. Јас сум вреден работник, никој не зборува за мојата работна етика, сите зборуваат само за она што го правам надвор од теренот. Во Далас ќе се фокусирам на она што можам да го контролирам“, додаде Ирвинг.

- Оглас -

Најнови вести